Петтиот национален конгрес по оториноларингологија – хирургија на глава и врат ја обединува стручната заедница на мултидисциплинарен научен собир со меѓународно учество. Конгресот е замислен како платформа за споделување современи знаења, зајакнување на професионалните врски и поттикнување активна размена меѓу искусни експерти, клиничари, истражувачи, специјализанти и новата генерација специјалисти.